Иванов на меѓународна конференција за глобалните предизвици во Софија
Шефот на државата ќе се обрати на воведната сесија „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“...

Македонскиот претседател Иванов е во работна посета на Бугарија. Учествува на 6-тиот состанок на високо ниво, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Софија.
Шефот на државата ќе се обрати на воведната сесија „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“.
На дводневниот форум ќе учествуваат актуелни и поранешни шефови на држави и на влади од регионот и пошироко, кои ќе дебатираат за состојбите со напливот мигранти и за мерките за справување од политички, економски и хуманитарен аспект.
Предвидено е претседателот Иванов да оствaри средбa и со бугарскиот претседател Плевнелиев.
Говорејќи за македонските аспирации за членството во НАТО, Иванов рече дека државава најверојатно нема да добие покана за влез во Алијансата на самитот во Варшава идната година.