Ракомет – Европско првенство

Интересна завршница во Групите Ц и Д

17.01.2014 14:59

Иако веќе се познати три од шесте репрезентации што се пласираа во втората фаза, сепак последното коло во Групите Ц и Д ќе донесе многу возбудувања, не само околу преостанатите селекции што ќе продолжат натаму, туку и поради бодовите што ќе бидат пренесени.

Иако веќе се познати три од шесте репрезентации што се пласираа во втората фаза, сепак последното коло во Групите Ц и Д ќе донесе многу возбудувања, не само околу преостанатите селекции што ќе продолжат натаму, туку и поради бодовите што ќе бидат пренесени.

Во Ц конкуренцијата веќе пласираните Хрватска и Шведска ќе играат за првото место и за влез меѓу 12-те најдобри со четири победа. Победникот ќе ги зголеми шансите за полуфинале, поразениот ќе бара дополнителна шанса во новите три меча, но ниту двете репрезентации не би биле незадоволни со нерешено. Во таков случај ќе пренесат по три бода. Суперинтересна ќе биде пресметката меѓу Белорусија и Црна Гора. Во ситуација кога и двете селекции имаат по два пораза, во предност се Црногорците затоа што имаат вкупна подобра гол разлика и им одговара и реми. Белорусите само триумф би ги однел во главната рунда. 

Во групата Д постојат многу варијанти. Единствено сигурна е Франција, но на „триколорите“ сепак им е важен дуелот со Србија затоа што ако заедно продолжат натаму со победа ќе однесат четири бода. На Србите им се заканува и елиминација, но постои можност и со максимален број бодови да се пласираат во групата 2. За најпозитивната варијанта им  е потребен триумф, работа им врши и бод, па дури и пораз доколку Русија не загуби од Полска или пак спротивно биде  поразена со минимум четири разлика. Во евентуалниот круг од три репрезентации со по два бода директно ќе влијае и мечот Русија – Полска. Ситуацијата ќе биде чиста доколку Русите победат или одиграат реми и тогаш ќе останат на Европското првенство со два или бод. Во случај на славје на Полјаците, тогаш во игра се неколку варијанти коишто ќе зависат од резултатот од мечот Франција – Србија како и од гол разликата.

Група Ц

Хрватска – Шведска             18.00

Балорусија – Црна Гора       20.15

1. Хрватска    4

2. Шведска     4

3. Црна Гора  0

4. Белорусија 0

 

Група Д

Полска – Русија                     18.00

Србија – Франција                20.15

1. Франција    4

2. Србија        2

3. Русија         2

4. Полска        0