Изгласана доверба на грчката влада

08.10.2015 10:34

„Ова може да бидат парламентот и четиригодишниот мандат со кои ќе излеземе од кризата и ќе се вратиме на економскиот раст“, изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција...

Грчката влада ја доби довербата на парламентот пред клучната ревизија на третата програма за спас. Треба да биде усвоен првиот сет од 48 реформи, од кои главни се зголемувањето на даноците и кратењето на пензиите.

„Ова може да бидат парламентот и четиригодишниот мандат со кои ќе излеземе од кризата и ќе се вратиме на економскиот раст“, изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција.

Атина очекува да добие транша од 3 милијарди долари и да отклучи уште 25 милијарди за рекапитализација на банките.