Попоски и Чавков во Луксембург на конференција за мигрантската криза

08.10.2015 10:40

Шефовите на полициите и на дипломатиите на земјите- членки на Европската унија, заедно со нивните колеги од Западен Балкан, а предводени од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, се очекува да донесат декларација за блиска соработка на земјите низ кои транзитираат бегалците од арапскиот свет...

Министрите за надворешни и за внатрешни работи Попоски и Чавков, во Луксембург ќе учествуваат на конференција за мигрантската рута „Источен Медитеран- Западен Балкан“.

Шефовите на полициите и на дипломатиите на земјите- членки на Европската унија, заедно со нивните колеги од Западен Балкан, а предводени од високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, се очекува да донесат декларација за блиска соработка на земјите низ кои транзитираат бегалците од арапскиот свет.

Најавени се нови средства за транзитните земји како хуманитарна помош. Целта на Унијата е да се почитува меѓународното право и потребата од меѓународна заштита на бегалците, како и тие кои не уживаат меѓународна заштита, да може да се вратат во матичните земји.

Покрај ветените 24 милиони евра за Македонија, плус 17 милиони евра што ќе се поделат со Србија, за годинава и за идната, Брисел има определено околу 500-ни милиони евра за хуманитарна помош.