Голема полициска акција во неколку градови во Македонија
08.10.2015 10:43
Од полцииски извори дознаваме, дека се приведени повеќе лица, осомничени за серија кривични дела меѓу кои и нелегална трговија со дрога и оружје, лихварство, изнуди и криумчарење мигранти...

Лихвари и трговци со дрога и оружје паднаа во полициска акција што е спроведена во повеќе градови во земјава.
Од полцииски извори дознаваме, дека се приведени повеќе лица, осомничени за серија кривични дела меѓу кои и нелегална трговија со дрога и оружје, лихварство, изнуди и криумчарење мигранти.
Извори од истрагата откриваат дека постоеле сомненија дека групата соработувала со одредени судии во еден од македонските судови.
МВР ја потврди акцијата, која сеуште е во тек. Детали најавија за подоцна.