НАТО: Русија ја прави опасната ситуација уште поопасна

08.10.2015 10:57

За упадот на руски авиони во турски воздушен простор, генералниот секретар Столтенберг порача дека Алијансата е способна да ги брани своите сојузници, вклучувајќи ја Турција...

Русија ја прави опасната ситуација уште поопасна и мора да престане да користи ненаведувани ракети во Сирија – предупредување од средбата на министрите од НАТО во Брисел.

За упадот на руски авиони во турски воздушен простор, генералниот секретар Столтенберг порача дека Алијансата е способна да ги брани своите сојузници, вклучувајќи ја Турција.

Русија ги негира тврдењата на Западот дека дури 90 % од нападите ги извршува врз позиции на бунтовниците.