Продолжува 67-та собраниска седница

08.10.2015 11:01

На дневен ред е првото читање на предлог- законот за изменување на законот за минимална плата, поднесен од пратениците од опозицијата...

Ново продолжение на 67-та собраниска седница. На дневен ред е првото читање на предлог- законот за изменување на законот за минимална плата, поднесен од пратениците од опозицијата.

СДСМ предлага минималната плата да изнесува 11 илјади денари. Висината на минималецот моментално изнесува 9 илјади 590 денари во нето износ.

Пратениците треба да дебатираат и за предлог- законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка, како и за информација за проблемот со сѐ поголемото иселување, особено на младите од Република Македонија, исто така поднесени од опозицијата.