Македонија од денес на „Гугл стрит вју“

08.10.2015 11:18

На мапата се најдоа и панорамски слики на некои од најважните туристички и историски локалитети...

Од денеска Македонија на „стрит вју“ мапите на Гугл (Google Street View)– со еден клик може да се направи прошетка низ Скопје, Битола или Охрид. На мапата се најдоа и панорамски слики на некои од најважните туристички и историски локалитети.

Според заменик- министерката за информатичко општество, Марта Арсовска- Томовска, интернет алатката може да придонесе за зголемување на туризмот.

Тимот на Гугл соопшти дека се преземени мерки за заштита на приватноста на луѓето, како замаглување на лицата и на регистарските таблички.