Исплатени 32,69 милиони денари на 2.127 земјоделци

08.10.2015 11:53

На 2.025 сточари исплатени им се 27,5 милиони денари и тоа: 23,2 милиони денари на 1.933 земјоделци за производство и продажба на овчо, кравјо и козјо млеко, 2,26 милиони денари за одбележани грла овци...

Владата исплати 32,69 милиони денари субвенции на 2.127 земјоделци за повеќе мерки, соопштуваат од Министерството за финансии.

На 2.025 сточари исплатени им се 27,5 милиони денари и тоа: 23,2 милиони денари на 1.933 земјоделци за производство и продажба на овчо, кравјо и козјо млеко, 2,26 милиони денари за одбележани грла овци, 1,3 милиони денари за одбележани грла говеда и 761 илјада денари за женски приплодни грла маторици.

Исто така исплатени се 2,89 милиони денари за постоечки овошни насади, 2 милиони денари за постоечки лозови насади, 155.450 денари за поддршка на полјоделството и 21.828 денари за градинарско производство на отворено и пластеници.