Пронајдени гранати од Втората Светска војна во близина на кумановската железничка станица

08.10.2015 12:08

Тим на Дирекцијата за заштита и спасување- Куманово се упатиле на местото од каде биле извадени 18 гранати за минофрлач, 4 гранати за топ, 2 куршуми за противавиониски фрлач, 8 запалки од гранати и испукани чаури...

Според регионалниот Центар за управување со кризи, во текот на вчерашниот ден, од СВР Куманово е добиено известување за пронајдени неексплодирани бојни средства во близина на Железничката станица.

Тим на Дирекцијата за заштита и спасување- Куманово се упатиле на местото од каде биле извадени 18 гранати за минофрлач, 4 гранати за топ, 2 куршуми за противавиониски фрлач, 8 запалки од гранати и испукани чаури.

Местото и теренот е исчистен и нема опасност, а бојните срества се однесени на безбедно место, информираа од Центарот за управување со кризи.