Иванов: Ако Унијата навреме го интегрираше Балканот, состојбата со мигрантите ќе беше поинаква
Балканот е европска артерија, клучен коридор што го поврзува стариот континент со Блискиот Исток и Северна Африка, рече претседателот Иванов на конференцијата за актуелните глобални предизвици. Според бугарскиот претседател Плевнелиев, Европската унија треба да ги превенира проблемите...

„Ако Унијата навреме го интегрираше Балканот, состојбата со мигрантите ќе беше поинаква“ – став на претседателот Ѓорге Иванов на конференцијата – Што значи солидарноста во котекст на актулените глобални предизвици.
Според него, мигрантската криза ја разоткрила сушината на Европа фокусирана на самата себе, неодлучна кон соседствто, рамнодушна кон мигрнтите. „Мигрантската криза ја потсети Унијата дека Балканот е европска артерија, клучен европски коридор што ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Северна Африка“, рече Иванов.
„Ако Унијата навреме го интегрираше регионот кој сега бегалците го користат како коридор состојбата со мигрантите ќе беше поинаква, Шенген границите ќе беа заштитетни, а одговорноста на државите ќе беше поделена. Сега Балканскиот коридор и мигрантската криза го тестираат Шенген. Унијата дозволи Балканскиот коридор да стане лавирин во кој се заглавија и мигрантите и земјите- кандидати за членство во Унијата. Сега и државите и мигрантите ги трпат последиците од овие пропусти на Унијата, а во тој лавиринт најлесно се снаоѓаат организираните криминални групи и нивните мрежи“, нагласи претседателот Ѓорге Иванов.
Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев вели дека Европската Унија треба да ги превенира проблемите, а кога веќе ги има, да ги решава солидарно.
„Историјата на Европската унија не научила дека во тешки времиња, потребна е интеграција. Само интеграцијата може да продонесе за мир и безбедност. Не треба да чекаме кризите да се појават на телевизиските екрани и потоа да ги решаваме. Треба да дејствуваме превентивно. Европската Унија треба да демонстрира солидарност и треба да ги решава проблемите“, рече претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев.
Говорниците на денешната конфренција се согласни дека Европа мора да научи да живее со религиските и културните разлики и затоа е неопходен модел за интегрирање на бројните миграти во европските општества.
Мигрантската криза е електрошок за реанимација на стврднатото и рамнодушно европско срце- колку пораките од европска Бугарија ќе добрат до Брисел?!
Стојан Трпчевски, специјален известувач од Софија за МРТ