До утре, специјалниот јавен обвинител треба да достави општ, персонален и финансиски план

08.10.2015 12:43

Од Специјалното обвинителство очекуваат дека потоа Советот на јавни обвинители ќе може да одлучи за изборот на јавните обвинители предложени од специјалниот обвинител Јанева...

Заклучно до утре, специјалниот јавен обвинител Катица Јанева треба до Советот на јавни обвинители да достави општ работен, персонален и финансов план, информираат од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите.

Од Специјалното обвинителство очекуваат дека потоа Советот на јавни обвинители ќе може да одлучи за изборот на јавните обвинители предложени од специјалниот обвинител Јанева.

Во соопштението од ова обвинителство, се наведува и дека јавноста ќе биде запознаена за содржината на работниот план на специјалниот обвинител по неговото доставување до Советот на јавни обвинители.