Тензии пред вечерашниот фудбалски натпревар Албанија- Србија

08.10.2015 13:13

Поради инцидентот, албанската полиција уапсила малолетно лице...

Албанскиот амбасадор во Србија одбил да ја прими протестната нота од српското МНР, по вчерашното каменување на автобусот на српската фудбалска репрезентација на пат од аеродромот до хотелот во Тирана.

Како што велат од Министерството, спротивно на дипломатските правила и пракса, одбил да одговори на повикот со образложение дека не се случило ништо. Поради инцидентот, албанската полиција уапсила малолетно лице.

На натпреварот Албанија- Србија што се игра вечерва, иако нема никакво значење во резултати, големо внимание му посветуваат и светските медиуми, поради инцидентот со дронот лани.