Српски бизнисмени најавуваат тужба против Хрватска
08.10.2015 13:48
Нивните побарувања може да изнесуваат повеќе милиони евра, јавуваат српските медиуми...

Десетици српски бизнисмени најавуваат тужба против Хрватска поради загуби претрпени од блокирањето на границата.
Нивните побарувања може да изнесуваат повеќе милиони евра, јавуваат српските медиуми.
За време на шестдневната „царинска војна“ поради мигрантската криза, на хрватските гранични премини беа запрени над од 600 камиони.
