Македонија со најниски даночни стапки
Зад Македонија, со вкупна даночна стапка од 7,4 отсто, од балканските земји на листата се најдоа уште две. Хрватска е 11-та со вкупна стапка од 18,8 отсто, а Црна Гора е 17-та со 22,3 проценти...

Македонија има најниска вкупна даночна стапка и се најде на првото место на листата на 18 рангирани земји во светот, што ја објави „Бизнис Инсајдер“.
Зад Македонија, со вкупна даночна стапка од 7,4 отсто, од балканските земји на листата се најдоа уште две. Хрватска е 11-та со вкупна стапка од 18,8 отсто, а Црна Гора е 17-та со 22,3 проценти.
Последниот извештај за глобална конкурентност на Светскиот економски форум, ја користи „вкупната даночна стапка“ како мерка за тоа колку една земја е конкурентна.
Големите светски корпорации кога планираат лоцирање на нови инвестиции големо внимание посветуваат и на висината на вкупната даночна стапка во земјите кои влегуваат во потесен избор за вложување.
Свето Николовски
