Вицепремиерот Пешевски во посета на Крива Паланка и Ранковце
08.10.2015 15:01
Изврши увид во градежните активности на делницата Ранковце-Крива Паланка, а оствари средба и со жителите на Ранковце...

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски е во работна посета на Крива Паланка и Ранковце. Изврши увид во градежните активности на делницата Ранковце-Крива Паланка, а оствари средба и со жителите на Ранковце.
Вицепремиерот присуствуваше и на свечената седница на општина Крива Паланка по повод денот на ослободувањето на градот. Предвидено е и поставување камен темелник на новиот водовод, и пуштање во употреба на филтер станицата.
