Ќе се унапредува вклученоста на пазарот на труд на лицата со инвалидитет
Со пари од Европската унија ќе се подобруваат системот за услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на мажите и жените кои се во понеповална положба и да се работи сите да добијат еднакви можности на пазарот на трудот.

За нив секогаш се поставува прашањето што не можат. Што сѐ можат треба да биде појдовната точка за тие активно да се вклучат во општеството, сметаат маргинализраните групи. Со пари од Европската унија ќе се подобруваат системот за услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на мажите и жените кои се во понеповална положба и да се работи сите да добијат еднакви можности на пазарот на трудот.
Проектот опфаќа неколку компоненти. Унапредување на професионалната рехабилитација и вработување на луѓето со инвалидитет, нивна професионална рехабилитација, како и лична асистенција за лицата со инвалидитет.
Невладините очекуваат не само овој проект, туку и почнатите да се реализираат. Проектот чини околу 1.400.000 евра, а ќе го спроведува Министерството за труд и социјална политика во наредните две години.
Наташа Јанчиќ
