Професорот Томаж Петрањ од еминентната „ФАМУ“ ќе предава на Филмската академија во Охрид

08.10.2015 16:15

Академијата ќе почне да работи во ноември, а рокот за пријавување поради големиот интерес е продолжен до 11-ти октомври. Ваков тип студии ги привлекува младите од целиот свет, а интересот е огромен, вели професорот Томаж...

Професорот Томаж Петрањ од еминентната академија „ФАМУ“ од Прага ќе биде дел од стручниот тим на Филмската академија во Охрид која е направена по терк на една од петте најстари академии во светот. Идеjата за формирање на оваа филмска институција во Охрид дошла од соработката на Томаж со македонскиот режисер Иво Трајков. Академијата се отвора по подготовки од цели 7 години. Ќе предаваат чешки и македонски професори.

Филмската академија во Охрид нуди oдлична програма за студентите што се заинтересирани да студираат режија, продукција, драматургија. Академијата ќе почне да работи во ноември, а рокот за пријавување поради големиот интерес е продолжен до 11-ти октомври. Ваков тип студии ги привлекува младите од целиот свет, а интересот е огромен, вели професорот Томаж.

Основањето на Филмскиот институт- Филмската академија во Охрид е симболичен мост меѓу нашите култури, вели Петрањ. Пример за културна соработка меѓу нашите земји.

 

Александра Перевска