Крива Паланка трајно ќе го реши проблемот со вода

08.10.2015 16:23

Вицепремиерот Владимир Пешевски заедно со локалната власт го удрија темелникот на водоснабдителниот систем...

Крива Паланка трајно ќе го реши проблемот со вода. Со изградбата на водоводниот систем „Висока зона – лев брег” ќе се реши деценискиот проблем со обезбедувањето пивка вода. Вицепремиерот Владимир Пешевски заедно со локалната власт го удрија темелникот на водоснабдителниот систем.

Паралелно со оваа инвестиција, Крива паланка доби и нов филтер станицата за прочистување вода.

Општината доби зелено светло за реализација на шест крупни проекти кои ќе бидат реализирани во претстојниот период. Тоа подразбира  и изградба на експресен пат Ранковце – Крива Паланка долг 22 километри кој треба да почне да се гради идната година.

Според Пешевски, со подобрувањето на инфраструктурата, ќе се прошират можностите за инвестирање како на странските, така и на домашните компании, а тоа ќе значи и отворање на нови работни места.

 

Анита Димитријевска