Министерски состанок во Луксембург- конкренти планови за справување со бегалската криза
„Источен Медитеран - Западен Балкан“- за ова се дискутира на министерскиот состанок на Унијата во Луксембург, се разгледуваат конкретни планови на Унијата за справување со мигрантите...

Денешната конференција организирана од страна на Европскиот Совет, насловена „Рута Источен Медитеран– Западен Балкан“ која се одржува во Луксембург, а на која заедно со шефовите на дипломатиите на 28 земји- членки на Унијата, присутвува и македонската делегација предводена од министрите за надворешни и внатешни работи, Попоски и Чавков.
Ќе се фокусира на проблемот на значително зголемениот број на мигранти од Блискиот Исток и ќе има цел да се подобри ангажирањето меѓу сите партнери, зголемување на солидарноста и уредно управување со протокот на беглаци.
Да потсетиме дека на последниот самит во Брисел, претседателот на Европската Комисија Жан Колд Јункер потврди дека земјите од Западен Балкан ќе влезат во заеднички пакет со членките на ЕУ, при донесување на мерките за надминување на бегалската криза.
Конкретно, министирте ќе дискутираат за следните клучни области: зголемување на поддршката за Турција, Либан и Јордан, како земји кои се први на удар од бранот бегалци, и изнаоѓање начин како да им се помогне да се соочат со притисокот, потоа поддршка на останатите држави кои претсавуваат транзитна рута (тука сапаѓа Р. Македонија) - во делот на подобрување на капацитетите за прием, регистрација и азил, како и подобрување на соработката во борба против организираниот криминал, односно криумчарење на мигранти и трговија со луѓе, како и решавање на основните причини за присилното раселување.
На конференцијата која започнува доцна попладнево се очкува да се усвои декларација која ќе ги постави главните принципи, цели и активности што ќе обезбедат целосна заштита на бегалците, управување на границите и враќање на лица кои немаат прво на меѓународна заштита.
Во оваа последна категорија се мисли пред сѐ на лица кои потекнуваат од земјите на Западен Балкан кои редовно се појавуваат како баратели на азил, а кои сосема очекувано ќе ја искористат ситуацијата и имаат цел да се провлечат заедно со бегалците од Блискиот Исток.
Токму оваа категорија на баратели на азил ќе биде експресно вратена во матичните земји, кои се на лситата на безбедни држави, а според забрзаната постапка која веќе неколку години е на сила во државите- членки на ЕУ.
Марина Стојанова- Тонева, специјален известувач од Луксембург за МРТ
