ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА

„Удар“ за криминална група која се занимавала со лихварство и изнуда

08.10.2015 16:52

Претседателот на кумановскиот суд е еден од 11-те уапсени во полициската акција „Удар“. Се сомничат за лихварство, трговија со оружје и дрога и криумчарење мигранти. Полицијата трагаше на неколку локации, а по еден од групата се уште се трага...

Зададен удар на криминална група која се занимавала со лихварство и со изнуда. Била страв и трепет во Скопје и во Куманово. Уапсени се 11 –мина по уште едно лице се трага. Групата под истарга била подолг период. Уапсен е и претседателот на кумановскиот суд. Се товарат за серија криминални активности- дејанија, злосторничко здружување, лихварство, изнуда, криумчарење мигранти, тргување со дрога и со оружје, злоупотреба на службената положба.

Мозок на групата бил 48- годишен од Студеничани, кој со уште тројца арачиновци ги организирале криминалните дејанија на групата. Некому му позајмувале 500 евра, а за еден месец му барале да им врати 2.000 евра. Притисоците врз жртвите и врз нивните семејства продолжувале и откако долгот  бил вратен. Со  закани за убиство и палење на куќата, фралање бомби во еден конкретен случај од жртвата која позјмила само 500 евра, вратила долг во износ од 20.000 евра. Ова бил стилот на работата на оваа банда. Вакви случаи имало многу. 

„Во еден од случаите долгот кој го имал таткото на лицето жртва на лихварски долг, криминалната група со серизни закани со огнено оружје барале да го плати неговиот син и од истиот побарувале и наплатиле 75.000 евра, иако долгот изнесувал 25.000 евра“, изјави министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

Главниот на групата контактирал со Претседателот на Основен Суд Куманово, за посредување во судски предмет за сторено кривично дело Убиство извршено во 2012 година во Куманово. Претседателот се товари за злоупотреба на службената положба -  примање поткуп. Му било платено да ослободи затвореник кој извршил убиство.

„Во однос на севкупните активности, утврдено е дека Претседателот на Основен Суд Куманово, примил 19.000 евра, а за возврат му дал инструкции како да се однесуваат во понатамошната судска постапка за извршителот на убиството, притоа појаснувајќи му ги неговите напори во судските инстанци за да го оствари барањето“, истакна министерот Чавков.

Претреси биле извршени на 6 локации. Полицијата одзела  4 патнички возила, кои не биле на име на осомничените. Одземени им биле и 2.550 евра и 200 франци, 14 мобилни телефони со сим картички, разни нотарски и купопродажни договори, и изјави од лица. Се истражува дали има инволвиранност и на други судски службеници или пак членови во криминалната група.  

 

Наташа Гркова- Петрушевска