Партиски разговори: Задкулисни разговори меѓу СДСМ и ДУИ?
Нова сопка за изборниот законик. СДСМ инсистира, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа дијаспората да не гласа. Извори од владејачката партија брифираат дека СДСМ и ДУИ се испазариле за негласање на нашите иселеници. Разговорите до рано изутрината не донесоа договор...

Етно- политиката поважна од правните аргументи и националните интереси на Македонија. Ова е констатација на владеачката партија од каде брифираат за задкулисен договор и меѓу СДСМ и ДУИ во меѓупартиските разговори. Според извори во ВРМО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ се испазариле - да не гласа дијаспората, поддржале од ДУИ, а за возврат социјалдемократите се откажале од активната регистрација на избирачкиот список.
СДСМ го подржале предлогот на ДУИ во ДИК да се одлучува со Бадинтер што би значело дека од 9-мина само двајца од членовите албанци во комисијата можат да блокираат, оспорат или изменат некоја одлука за прегласување или потврда на изборните резултати во сите општини во кои Македонците се малцинство.
Во ВРМО ДПМНЕ брифираат дека ја подржале иницијативата за активна регистрација на гласачите бидејќи немаат што да кријат во однос на веродостојноста на своите гласачи. Но, на ваквиот предлог на СДСМ се спротивставиле од ДУИ и ДПА, со загриженост дека со активна регистрација добар дел од нивните гласачи нема да бидат лоцирани на адреси во Македонија, туку со постојано живеалиште во странство и тоа ќе резултира со значително помал број на гласови за ДУИ и ДПА. За СДСМ да има одредено покритие пред јавноста за досегашното оспорување на избирачкиот список прифатиле делумна теренска контрола на адресите на запишаните гласачи, со помал број на теренски екипи и според методологија која ќе биде усвоена од страна на ДИК, при што одлучувањето во ДИК за таа методологија на проверка на гласачите би била со двојно мнозинство. Тоа би значело, дека прочистувањето на избирачкиот список ќе се сведе на некоја симболична незначителна бројка и претежно таквите делумни теренски контроли ќе се вршат во изборни места за кои СДСМ ќе смета дека претежно ја даваат својата изборна доверба на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука и подршката на ДУИ, која ја дава на СДСМ во напорите да се суспендира гласањето на дијаспората, преку наметнување на недостижни 90% од просечниот број на гласови за избор на пратеник од дијаспората во македонското Собрание (околу 6.500 гласови за секој пратеник во дијаспората) што значи директна штета пред се за дијаспората која со голем процент учествува во остварувањето на бруто домашниот производ на земјата.
На вчерашните разговори во Клубот на пратениците, Социјал демократите потврдиле дека го знаеле законот за необјавување на снимените аудио материјали и покрај тоа што Заев јавно го тврдеше спротивното.
Пратеникот Талат Џафери на разговорите потенцирал дека се согласил да се повлече законот за да не се закочи изборната регулатива, но доколку СДСМ повторно изманипулра, јасно порачал дека законот сам ќе го поднесе до Собранието на 20 октомври и дека изборот на нови министри по предлог на СДСМ нема да се случи.
Од ВРМО ДПМНЕ пак велат дека се подготвени да разговараат за законот и во предвид да ги земат укажувањата на новинарите.
И додека владејачката партија брифингот за разговорите го одржа за сите медиуми, социјал- демократите селективно одржале брифинг за само неколку медиуми без да биде поканет и јавниот сервис.
Миле А. Ристески
