Ерусалим: Повик до граѓаните да носат оружје
08.10.2015 17:51
Поради влошената безбедносна состојба која во изминатите денови се прошири од Ерусалим на Западниот брег, се почесто се повикуваат граѓаните да носат пиштоли за да се спротивстават во случај ако бидат нападнати...

Градоначалникот на Ерусалим ги повика граѓаните што имаат дозвола да носат оружје тоа да го прават секојдневно. Поради влошената безбедносна состојба која во изминатите денови се прошири од Ерусалим на Западниот брег, се почесто се повикуваат граѓаните да носат пиштоли за да се спротивстават во случај ако бидат нападнати.
Медиумите јавуваат дека последниот палестински напад со нож бил четврти за нешто повеќе од 24 часа. Од минатиот четврток во палестински оружени напади со нож загинаа четири израелци.
