За Табановце од Гевгелија заминале околу 3.700 мигранти, отворена нова служба „Барање“

09.10.2015 11:53

Отворена е нова служба „Барање“ која посредува со Србија и со Грција во спојување на разделените членови од семејствата...

Од 21 часот ноќеска до 9 часот изутрината, од прифатниот камп во Гевгелија за Табановце заминале околу 3.700 мигранти. Во кампот се наоѓа нова група мигранти, чиешто евидентирање е во тек.

Инаку, во кампот на меѓународниот Црвен крст во рамките на Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија е отворена нова служба „Барање“ која посредува со Србија и со Грција во спојување на разделените членови од семејствата.

Србија пријави дека ноќеска рекорен број од над 7 илјади мигранти пристигнале преку Македонија во Прешево и чекаат да бидат евидентирани.