Почнува американската лотарија за иселенички визи

09.10.2015 12:05

Пријавите се прифаќаат само преку официјалната интернет страница на американскиот Стејт Департмент...

Денеска во 18 часот почнува пријавувањето во американската лотарија за иселенички визи и ќе трае до 18 часот на трети ноември.

Пријавите се прифаќаат само преку официјалната интернет страница на американскиот Стејт Департмент.

Таканаречени „зелени карти“ ќе им бидат доделени на 50 илјади луѓе по случаен избор од земји со ниско ниво на миграција во САД.