Притвор за 7-мина осомничени во акцијата „Удар“
Судија на претходна постапка утврдил дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат кривична постапка или да го повторат делото...

Кривичниот суд им одреди мерка притвор од 30 дена на 7-мина осомничени во полициската акција „Удар“. Меѓу нив е и претседателот на Основниот суд во Куманово.
Судија на претходна постапка утврдил дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат кривична постапка или да го повторат делото.
За тројца е определена мерка за претпазливост, што подразбира одземање на патната исправа, забрана да го напуштаат живеалиштето и обврска повремено да се јавуваат во судот.
На еден му е определена мерка „куќен притвор“, а за осомничениот кој се уште е недостапен за органите на прогонот е издадена наредба за приведување.
Дел од осомничените се товарат за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба, а дел и за изнуда, лихварство, криумчарење мигранти.
