Две мигрнатки се породија во Скопје

09.10.2015 13:01

Претходно во гевгелиската општа болница се породија 5 Сиријки...

Во скопската Гинеколошка клиника Сиријка и Авганистанка на свет донесоа машки деца. Претходно во гевгелиската општа болница се породија 5 Сиријки.

Им била дадена потребната медицинска нега. По педијатриските прегледи и контроли, кога лекар ќе утврди дека се е во ред со нивната здравствена состојба, бебињата заедно со нивните мајки  ќе бидат пуштени и ќе може да го продолжат патот по кој тргнале нивните родители.