Француското обвинителство бара 153,5 години затвор за дилери од Албанија, Косово и Македонија

09.10.2015 13:07

Во маратонскиот процес, уапсените, меѓу кои и тројца од земјава, се товарат за шверц на хероин и кокаин во стотина килограми во регионот Сен Луи на границата меѓу Франција, Швајцарија и Германија...

Вкупно 153,5 години затвор бара француското обвинителство за шврецерите на дро

Француското обвинителство побара вкупно 153,5 години затвор и парична казна од 350 илјади евра за 35-те обвинети од Албанија, Косово и Македонија за трговија со дрога.

Во маратонскиот процес, уапсените, меѓу кои и тројца од земјава, се товарат за шверц на хероин и кокаин во стотина килограми во регионот Сен Луи на границата меѓу Франција, Швајцарија и Германија.

Беа уапсени во масовна полициска акција на 16-ти октомври 2012-та година по повеќе од една ипол година следење.

Затворските казни што ги бара обвинителството се движат од 1 до 10 години и за тие што немаат француско државјанство побарано е протерување по издржувањето на затворската казна.