Се очекува продолжување на разговорите
09.10.2015 13:13
Несогласувања и различни ставови околу гласањето на дијаспората, прочистување на изборниот список и Државната изборна комисија...

Според неофицијалните најави денеска работните групи на политичките партии треба да ги продолжат разговорите кои се однесуваат на изборните реформи.
Несогласувања и различни ставови околу гласањето на дијаспората, прочистување на изборниот список и Државната изборна комисија.
Социјал- демократите бараат пратеник од дијаспората да биде избран со 90 проценти гласови од оние кои се за другите пратеници, на што не се согласува ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во дијаспората нема доволно избирачки места да се реализира бараното.
