Камбовски: Да се исполни политичкиот договор
09.10.2015 13:16
Лани за политичкиот дијалог побаравме да бидат вклучени и научните, универзитетските, граѓанските структури за да не се игнорира мислењето на другиот...

Мора да има договарање и разбирање, со спротивставени гледишта кои ќе бидат плодоносни, а не деструктивни. Затоа и лани за политичкиот дијалог побаравме да бидат вклучени и научните, универзитетските, граѓанските структури за да не се игнорира мислењето на другиот, што води кон продлабочување на кризата, порача претеседател на МАНУ, академик Владо Камбовски.
Камбовски уште еднаш посочи на поскорешно деблокирање на активностите кои произлегуваат од политичкиот договор.
Годинава највисоката награда на Академијата е доделена на академикот Хорст Клинкман и на славистката Ала Генадевјна Шешкен.
