МВР: Досега издадени потврди за азил на 127.553 странски државјани
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-91.654, потоа Авганистан-18.462, Ирак-8.311, Пакистан-3.213 Палестина-1.273, Иран-1.006...

Во последниве 24 часа нови 2.569 странски државјани добиле потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил. Во периодот од 19 јуни оваа година до денеска, издадени се потврди на вкупно 127.553 странски државјани, соопшти МВР.
Границата кај Гевгелија ја минале 1.512 лица од машки пол, 369 женски, 553 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 135 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, како што соопшти МВР, најбројни се државјаните на Сирија-1.463, Авганистан –707, Ирак-234, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни до денеска издадени се потврди на вкупно 127.553 странски државјани, од кои, 83.924 од машки пол, 16.921 од женски, 22.102се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.606 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-91.654, потоа Авганистан-18.462, Ирак-8.311, Пакистан-3.213 Палестина-1.273, Иран-1.006,Сомалија-746, Бангладеж-740, Конго-426, Нигерија-229, Камерун-202, Еритреја-172, Етиопија-144, Судан-123, додека останатите се во помал број.
Во последниве 24 часа до Одделението за азил поднесени се 18 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 14 барања се од државјани на Сирија, од нив пет за деца, и по две барања од државјани од Либан, Палестина, (три од барањата се за деца). Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 68 барања за признавање на право на азил.
