ЕУ бара договор за изборниот законик

09.10.2015 15:06

Денеска работните групи на политичките партии треба да ги продолжат разговорите кои се однесуваат на изборните реформи. Несогласувања и различни ставови околу гласањето на дијаспората, прочистување на изборниот законик...

Од меѓународниот фактор апел политичките партии што поскоро да најдат решение за изборните реформи. Портпаролката на комесарот Хан, рече дека сите точки до договорот треба да се исполнат за да имаме успешен изборен ден во април идната година.

„Ние жалиме што и покрај прогресот што беше направен во рамки на работната група,  партиите досега не успеаја да ја финализираат изборната реформа. Ние, силно ги поттикнуваме четирите партиски лидери да постигнат договор што е можно побрзо. Пожелно е денеска, како што знаете, изборниот ден наближува и овој изборен законик треба да се усвои што е можно поскоро и имплементацијата треба да започне пред изборите во април. Познато е дека, ова е процес што треба да се случи и изборите треба добро да се подготват“, изјави Маја Коцијанчич.