АРМ обучена според највисоките стандарди

09.10.2015 15:27

Високи оценки за обученоста на воените полицајци и ренџери. Како се обезбедуваат ВИП личности? Со замислено сценарио, успешно изведена вежба на „Криволак“...

Високи оценки за обученоста и за професионализмот. Воените полицајци и ренџерите го презентираа најдоброто што го научиле низ секојдневната обука. Со замислено сценарио на армискиот полигон „Криволак“ покажаа како се обезбедуваат ВИП личности и како се справуваат со непријателските напади.

Вежбата успешно завршена и остварена главната цел, односно оценување на декларираните армиски единици за извршување на наменските задачи. Подготвеноста за борбената готовност на Армијата според концептот за оперативните способности на НАТО  ја оценуваа домашни и странски оценувачи  од 10 земји.

13 години припадниците на АРМ се дел од мировните мисии предводени од НАТО, од Европската Унија и од Обединетите Нации. Докази дека Армијата е врвно обучена,  постојано стигнуваат од меѓународните партнери. Нема отстапување од определбите за продолжување на учеството во странските мисии.

Македонија е подготвена да го зголеми учеството во операциите под покровителство на „сините шлемови“. Ваква иницијатива дојде и од министерот за одбрана при неодамнешните средби во рамки на есенската сесија на генералното собрание на светската организација.

Милчо Велески