Отворен оглас за директор на Агенцијата за туризам
Аржавата распиша оглас за избор на директор на Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот...

Се бара нов директор кој ќе раководи со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Ќе ги координира активностите поврзани со создавање подобри услови за експанзија на македонските туристички потенцијали. Ќе ја претставува и раководи институцијата која има сѐ позначајна улога во органиизрано претставување на домашниот туризам на најважните светски саемски манифестации и координирање на активностите со економските промотори и дипломатско конзуларните претставништва.
Годинава туризмот бележи експанзија. Бројот на странски туристи во јули е зголемен за 16,1% во однос на истиот месец лани. Расте бројот и на домашните туристи кои претстојувале во домашните хотели за 7,5%.
„Агенцијата за туризам има битна улога во овој систем и затоа сите кои ги исполнуваат условите од огласот се повеќе од добредојдени да аплицираат на огласот кој трае до 15-ти октомври и со својата енергија, со своите идеи, способност и квалитет да придонесат во продолжувањето на овој позитивен тренд на раст и развој“, изјави владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.
Од кандидатите се бара да имаат високо образование, меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик и пет години работно искуство.
Освен огласот за директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во тек е јавниот оглас за раководно лице на уште една атрактивна институција. Станува збор за Агенцијата за електронски комуникации, која е независно регулаторно тело.
Свето Николовски
