Две мигрантки се породија на Клиниката за гинекологија
Не запира бранот мигранти низ Македонија. Се зголемува бројот на луѓе кои транзитираат низ земјава, но и на оние кои бараат азил. За прв пат мигрантки се породија и на Клиниката за гинекологија. На свет донесоа две здрави машки деца...

Две мигрантки се породија на гинекологија во Скопје. Сиријката се породила вчера, авганистанката денес. Едната ја донеле волонтерите на Црвениот крст, другата семејството. Породувањето поминало без компликации. Донеле на свет здрави машки деца. На 25-годишната Сиријка ова и е трето дете, додека на 20- годишната Авганистанка прво.
Од почеткот на мигрантската криза вкупно 7 мигрантки се породија во државава. Бранот мигранти повторно се зголемува. Од 21 часот ноќеска до 9 часот изутрината, од прифатниот камп во Гевгелија за Табановце заминале околу 3.700 мигранти.
Во кампот се наоѓа нова група мигранти, чиешто евидентирање е во тек. Инаку, во кампот на меѓународниот Црвен крст во рамки на прифатниот центар за мигранти во Гевгелија е отворена нова служба „Барање“ која посредува со Србија и со Грција во спојување на разделените членови од семејствата.
Ноќеска рекорен број од над 7 илјади мигранти преку Македонија пристигнале во Прешево. Од 19-ти јуни до денес издадени се потврди на вкупно 127.553 странски државјани.
Наташа Јанчиќ
