Спасов: Бројот на приматели на социјална помош преполовен од 2006 година

09.10.2015 16:37

Намалување на бројката е резултат на мерките и политиките на Владата на Република Македонија за зголемување на бројот на работни места, за привлекување на странски инвестиции и на активните мерки за вработување, рече министерот Спасов.

Од околу 60 илјади приматели на социјална помош во 2006 година, сега тој број во Македонија изнесува 30 илјади, информира министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Намалување на бројката е резултат на мерките и политиките на Владата на Република Македонија за зголемување на бројот на работни места, за привлекување на странски инвестиции и на активните мерки за вработување, рече Спасов.

Тој потсети дека токму преку проектот „Македонија вработува“ им се овозможува значителна поволност на приватните компании, доколку вработат лица со посебни потреби. Притоа имаат можност да бидат ослободени од социјалните придонеси.