Во прекин патот од Ропаљце кон Никуштак

12.10.2015 13:00

Сообраќајот низ останатите патишта низ државата се одвива нормално, по влажни коловози...

Обилните дождови предизвикаа проблеми на локалниот пат од селото Ропаљце кон селото Никуштак. Сообраќајот е целосно во прекин, информираат од Авто- мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот низ останатите патишта низ државата се одвива нормално, по влажни коловози.

Обиколницата околу Скопје, денеска ќе биде затворена за сообраќај поради снимање на францускиот филм на продукциската куќа „Chic films“ и „Мануфактура продукција“.