ИД е главен осомничен за нападите во Анкара

12.10.2015 14:07

Истрагата е ориентирана кон откривање на луѓето што учествувале во организацијата...

Двајца мажи, припадници на Исламска држава ги извршиле самоубиствените бомбашки  напади во близина на железничката станица во Анкара. Главна цел на нападот било да се влијае на парламентарните избори што се закажани за 1 ноември, соопшти премиерот Давутоглу во интервјуто  за Турската телевизија. 

Истрагата е ориентирана кон откривање на луѓето што учествувале во организацијата. Двајца цивилни инспектори и двајца началници од полицијата ќе ја водат истрагата за најкрвавиот масакр што ја погоди Турција досега.

Уапсени се четворица, кои се сомничат дека се поврзани со нападите.