По врнежите во тетовско- без поголеми материјални штети
Жителите стравуваат од повторување на поплавите од пред два месеца. Тие ја повикуваат општината да ги чисти улиците и да ги поправи одводните канали, за да се спречат нови природни непогоди...

Последиците од врнежите што паднаа во тетовско во изминативе денови се помали излевања на речните текови во Мала и во Голема Речица, но без поголеми материјални штети. Жителите стравуваат од повторување на поплавите од пред два месеца. Тие ја повикуваат општината да ги чисти улиците и да ги поправи одводните канали, за да се спречат нови природни непогоди.
Освен во овие две населени места, со механизација е интервенирано и на патот Шипковица- Бродец, каде што имало помали свлечишта што брзо се расчистени. Градежната и друга механизација излегла на терен уште во текот на ноќта, во четири часот, и го чистела коритото на реката што минува низ Голема Речица.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски на терен на критичните места во Тетовско. Најави дека Владата ќе ги преземе сите мерки за санирање на последиците од поплавите.
Од дождот, овој пат немаше посериозни последици во Шипковица и во Порој. Големото невреме што ги зафати Мала и Голема Речица, како и Шипковица, во почетокот на август, однесе пет човечки жртви и предизвика големи штети на куќите и на другите имоти на жителите.
Игор Панов
