Почнува расправата за Буџетот за 2016-та
Основни карактеристики на буџетот за 2016 година според предлагачот се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 отсто оваа година на 3,2 проценти следната година и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестици...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува расправата по предложениот Буџет за 2016-та година.
Вкупните расходи се проектирани на 195 илјади 788 милиони денари, за 4,7 проценти повисоки од лани, а вкупните приходи се проектирани на 176 илјади и 804 милиони денари, што е зголемување за 6 проценти.
Основни карактеристики на буџетот за идната година се намалувањето на буџетскиот дефицит од 3,6 насто оваа година, на 3,2 идната година и зголемување на средствата за пензии, за социјална помош и за капитални инвестици.
Растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од бруто домашниот производ, а инфлацијата 2 проценти.
