Oбјавен е оглас за продажба на 177 хектари државно земјоделско земјиште

13.10.2015 10:32

Право на учество имаат барателите со живеалиште каде што се наоѓаат површините, а предност ќе имаат земјоделците кои веќе поседуваат договор за закуп...

Површините кои се нудат на продажба се до 10 хектари и се наоѓаат во повеќе општини.

Право да конкурираат имаат домашни физички и правни лица кои најмалку пет години имаат живеалиште или седиште на подрачјето во општината во која се наоѓа парцелата.

Предност во купувањето има постојниот закупец доколку учествува во продажбата без оглед на тоа дали ќе лицитира на електронското јавното наддавање.

Рокот за поднесување на документите е 90 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

 

Методија Трајков