Над 56 илјади повици досега на „Ало докторе“

13.10.2015 10:45

Јавувањата се од граѓани од сите градови во државава, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура...

На бесплатната телефонска линија „Ало докторе“ (02/ 15 123) за една недела медицински совет побарале 1.168 граѓани. Од отворањето на линијата на 16-ти септември досега се регистрирани 56.481 повик.

За медицински совет се достапни 25 доктори. Јавувањата се од граѓани од сите градови во државава, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.