Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево- Осломеј, повредени 18 лица
Во сударот меѓу две патнички комбиња и едно товарно возило повредени се 18 лица од кои 6 со тешки повреди се хоспитализирани во охридската болница „Св. Еразмо“, додека тројца поради сериозните повреди се пренесени во скопскиот ургентен центар. Девет лица минале со полесни повреди...

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрината околу 7 часот на регионалниот пат Кичево-Осломеј кај селото Мамудовци. Во сударот меѓу две патнички комбиња и едно товарно возило повредени се 18 лица од кои 6 со тешки повреди се хоспитализирани во охридската болница „Св. Еразмо“, додека тројца поради сериозните повреди се пренесени во скопскиот ургентен центар. Девет лица минале со полесни повреди.
Повредените биле работници кои се превезувале до РЕК Осломеј. Според информациите од охридската полиција, несреќата се случила во момент кога едно од комбињата го претекнувало другото комбе при што се судрило со товарното возило кое доаѓало од спротивен правец. Комбето кое било претекнувано излетало од патот, а другото удрило во бетонски столб.
