Се уште нема разврска во преговорите за изборната регулатива

13.10.2015 11:19

Копјата и натаму се кршат околу гласањето на дијаспората...

Роковите течат, а се уште нема разврска во преговорите за изборната регулатива. До 20-ти месецов треба да се изберат и новите министри и заменици министри во Владата, по предлог на СДСМ.

Копјата и натаму се кршат околу гласањето на дијаспората. Опозицијата бара пратеникот од дијаспората да се избира со околу 7 илјади гласа, односно со повеќе гласови од кој било пратеник во 5-та и 6-та изборна единица.

Според власта, ваквата опција ќе ги остави иселениците без своите претставници во собранието.

Се уште нема договор ниту за надлежностите на Државната изборна комисија. СДСМ го поддржува предлогот на претставниците на албанскиот блок партии за користење на „Бадентер“ при гласањето во ДИК.