Косовскиот опозиционер Курти пуштен од притвор

13.10.2015 11:22

Во текот на ноќта демонстранти со молотови коктели ја кренаа на нозе Приштина, барајќи негово ослободување. Толпата ја каменуваше полицијата и запали неколку возила на косовското Државно обвинителство...

Косовскиот опозициски пратеник Албин Курти е пуштен од притвор. Беше уапсен поради инцидентот кога отвори солзавец во парламентот во протест против договорот со Србија. Во текот на ноќта демонстранти со молотови коктели ја кренаа на нозе Приштина, барајќи негово ослободување. Толпата ја каменуваше полицијата и запали неколку возила на косовското Државно обвинителство.

„Без никакво оправдание и причина, го одведоа Албин Курти, иако според законот требаше да му кажат зошто го апсат. Беше како да го киднапираа бидејќи не му покажаа документ зошто го апсат“, изјави Глаук Коњуфца, пратеник.

По ослободувањето, Курти им се обрати на активистите од Самоопределување од државниот театар, бидејќи специјалци го блокираа обвинителството.