Парламентот на Иран го одобри нуклеарниот договор
13.10.2015 11:30
Сепак, пратениците инсистираа меѓународните инспектори да имаат само ограничен пристап до воените локации...

Парламентот на Иран го одобри нуклеарниот договор со шесте светски сили. Сепак, пратениците инсистираа меѓународните инспектори да имаат само ограничен пристап до воените локации.
Со договорот постигнат во јули, западот се согласи да ги крене санкциите во замена за тоа Техеран да ги намали спорните нуклеарни активности.
