Опожарени десетина возила во Куманово
13.10.2015 11:44
Приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и откривање на причините за опожарувањето на возилата...

За нешто повеќе од еден час, доцна синоќа од засега непознати причини, на неколку кумановски улици опожарени се десетина патнички моторни возила.
Како што информиаат од Министерството за внатрешни работи, приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и откривање на причините за опожарувањето на возилата.
Со брза интервенција на кумановската противпожарната единица изгаснат е пожарот во возилата.
