Голема експлозија во кинескиот град Тијанцин

13.10.2015 11:56

Повторно експлодираше складиште за алкохол и други супстанци, по што избувнал пожар...

Нова голема експлозија во кинескиот град Тијанцин, само два месеци по несреќата кога во детонација на хемикалии загинаа 165 луѓе. Повторно експлодираше складиште за алкохол и други супстанци, по што избувнал пожар.

Во незаконски изнајмениот простор, на површина од 700 квадратни метри, биле чувани околу 3.000 килограми алкохол и 1.000 килограми оцента киселина која се користи за производство на пластика и во фармацевтската индустрија.