Изгаснат пожарот што изутринава избувна во зграда во Карпош
13.10.2015 12:28
Нема повредени лица. Се претпоставува дека пожарот е предизвикан поради краток спој од преоптоварување на електричната мрежа или од заборавен електричен уред...

Изгаснат е пожарот што изутрината избувна во стан на осмиот спрат во зграда во скопската населба Карпош. Нема повредени лица. Се претпоставува дека пожарот е предизвикан поради краток спој од преоптоварување на електричната мрежа или од заборавен електричен уред.
Сопствениците на станот не биле дома во моментот кога избувнал пожарот. Противпожарната единица интервенираше со пет возила, локализирајќи ја огнената стихија. Нема оштетувања на соседните станови.
