МВР: За 24 часа издадени потврди за азил на 2.531 странски државјани

13.10.2015 12:37

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.392, Ирак-543, Авганистан –316, додека другите се во помал број...

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.531 странски државјани, од кои, 1.369  се од машки пол, 427  се од женски, 514 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 221 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.392, Ирак-543, Авганистан –316, додека другите се во помал број.

Од 19 јуни досега издадени се потврди на вкупно 137.290 странски државјани, од кои, 89.467 се од машки пол, 18.408 се од женски, 24.247 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.168 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-96.696, потоа Авганистан-21.326, Ирак-9.343, Пакистан-3.397 Палестина-1.402, Иран-1.225, Сомалија-781, Бангладеж-759, Конго-430, Нигерија-235, Камерун-204,  Еритреја-196, Етиопија-149, Судан-123, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 68 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.